Груевски: Хендикеп е што граѓаните не можат да видат целосно завршен мандат на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Договорот постигнат вчера на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, премиерот Никола Груевски го оцени како позитивен импулс за политичката состојба посочувајќи дека треба да се постигне она што е важно за државата, иако ВМРО-ДПМНЕ се залагало изборите да се одржат во редовниот термин во 2018 година.

– Хендикеп е во овој период што граѓаните не можат да видат како изгледа еден целосно завршен мандат на ВМРО-ДПМНЕ со сите завршени проекти и жалам што во овој период не успеавме и не ни беше овозможено во целост да го завршиме мандатот и да ги покажеме нашите перформанси и учинок пред граѓаните после четири години мандат. Ние сме свесни дека на граѓаните им е преку глава од предвремени избори и тие сакаат да видат целосно завршен мандат на оваа Влада и поретко избори, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски