ВИДЕО: Нема правда без оставка на Груевски

Од:

На денешниот марш демонстрантите тргнаа од кампот пред Влада, преку улица Илинденска, низ Дебар маало. Носеа македонски, албански, но и американски знамиња.

„Оваа рута водеше кпокрај некои министерства кои не се многу познати по својата транспарентност, така што логично беше да тгнеме од пред Влада и да поминеме покрај нив за да повториме уште еднаш – нема правда во Македонија додека Груевски не си поднесе оставка “, рече Владимир Милчин.

На денешниот марш се извикуваше „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“, „Народот на улица“.

Демонстрантите велат дека ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на РМ. Тие маршираа собрани зад транспарентот „Граѓаните за Македонија, Доаѓаме“, бараат формирање на преодна влада која ќе обезбеди фер и демократски избори.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска