Постои реална надеж за решавање на кипарското прашање, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на прес-конференција по средбата во Брисел со специјалниот претеник на ОН за Кипар Еспен Барт Ајде, јави ТАСС.
– За првпат по долго време постои реална надеж за постигнување на решение. Тоа всушност е можност. И јас гарантирам дека ЕП ќе направи се што е можо за поддршка на преговарачкиот процес, истакна Шулц.
Специјалниот пратеник на ОН за Кипар, исто така, се согласи со претседателот на ЕП.
– Јас навистина имам надеж. Се чувствува општа поддршка за решавање на прашањето. Треба да ја искористиме оваа шанса, во спротивно ќе има големо разочарување, истакна Ајде.
Преговорите за обдинување на Кипар под покровителство на ОН беа обновени на 15 мај. Лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци се договорија да усвојат мерки за градење на доверба за нов обид за решавање на конфликтот.