Алијансата за иднината на Косово(АИК) ќе стане членка на владејачката коалиција следниот месец, откако Хашкиот трибунал ќе донесе одлука за лидерот на партијата Рамуш Харадинај, во врска со обвинението за воени злосторства, пишува приштинскиот весник „Косова Сот“, повикувајќи се на неименувани извори.
По ослободувањето на Харадинај, АИК сигурно ќе и се придружи на Демократската партија на Косово, тврди изворот на весникот.
Потпретседателот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово Лутви Хазири изјави дека коалицијата меѓу ДПК и АИК зависи исклучиво од одлуката на Харадинај, наведува приштински „Експрес“.
Хазири рече дека Харадинај се обидува да покаже дека е политичка фигура која умее да ја сочува политичката стабилност и единство.