Од кампот пред влада започна протестниот марш за оставка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Демонстрантите извикуваат „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“, „Народот на улица“.
Тие велат дека ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на РМ.
Демонстрантите собрани зад транспарентот „Граѓаните за Македонија, Доаѓаме“, бараат формирање на преодна влада која ќе обезбеди фер и демократски избори.
Овој пат помеѓу македонските и албанските знамиња има и американско знаме.
А.Б.