Поднесен закон за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишни приходи во ФЗОМ

Од:

Пратениците Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева денеска во Собранието поднесоа Предлог- Закон за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во ФЗОМ на Република Македонија.

Како што појасни пратеничката Поповска, со законот треба да се реши еден системски проблем во кој се западнати државните институции и една голема група од 15.000 граѓани, поради давање неточни изјави за годишни приходи во 2011 и 2012 година.

Пресудата е покрената од Јавното обвинителство групно, преку казнен налог и досудена без присуство на обвинетите. Се работи главно за невработени и социјално ранливи граѓани, кои се неоправдано казнети со 3 месеци затвор и 1 година условно и им е отворено криминално досие. – Со оглед на фактот дека тие и во 2013 и 2014 година имаат по автоматизам пополнето исти изјави, ќе станат рецидивисти и ќе мора да се спроведе казната затвор поради надминување на приходите за 100 до 1000 денари, вели Поповска.

Законот, што денеска е поднесен, е иницијатива на Движењето за социјална правда „Ленка“.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада