Драги: ЕЦБ сака Грција да остане во еврозоната, но треба силен договор

Од:

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги денеска повика за стабилен договор меѓу Атина и кредиторите, со цел да се гарантира задржување на Грција во еврозоната.

– Управниот совет на ЕЦБ сака Грција да остане во еврозоната. Сепак треба да има силен договор, а силен договор е тој што предвидува раст, вклучува социјална правда и е фискално одржлив, изјави на прес конференција Драги, пренесува ДПА.

Во овој момент преговорите напредуваат, нагласи претседателот на ЕЦБ, без да објави повеќе детали за какви и да било компромиси. Драги потврди дека грчката влада и кредиторите претставил предлози за постигнување на договор.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он