„Скопје стрит фестивал“ на 5. и 6. јуни во парк

Од:

Третиот  „Скопје стрит фестивал“ годинава ќе се оддржи на 5 и 6 јуни во Градскиот парк во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Подиум Скопје“.

Андерграунд легендата од Лондон ЛТЏ Букем, српската рап хит-машина „Бед копи“, македонскиот диџеј Гоце САФ и домашното инди-поп трио „Џун“ се дел од изведувачите кои ќе настапат на фестивалот.

Во Градскиот парк ќе бидат поставени шест бини, а влезот за сите настани ќе биде отворен. Публиката ќе може да проследи повеќе концерти и натпревари и да учествува во работилници.

– „Скопје стрит фестивал“ праќа порака на обединетост и има за цел да ги оттргне младите од наметнатото секојдневие кое ги задушува, како и да ги повика во Градскиот парк на забава и едукација. Креативните работилници се уште еден сегмент кој го прави овој фестивал поразличен од останатите. Тие се отворени и се креирани токму од секојдневната инспирација која доаѓа од улицата. Ќе има брејкденс работилница, „Дојди на Цустом патика“, мултикулти-работилница и тоа се само дел од интерактивните работилници на фестивалот, истакнаа организаторите од „Подиум Скопје“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето