(ВИДЕО) Орав: Слушнавме како планира премиерот да се справи со судството и институциите

Од:

По конструктивната средба вчера денеска го чувме премиерот како планира да се справи со сериозните прашања за владеењето на правото и враќањето на довербата во институциите, изјави денеска амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав по средбата во Влада со премиерот, Никола Груевски.

На средбата присуствуваа и амбасадори од земји членки на ЕУ, но и владини министри, кои доаѓаа во Владата додека течеше разговорот.

Орав рече дека средбата била планирана подолго време, а не е закажана после преговорите вчера во кои посредуваше еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

– Денеска дискутиравма за излезите од политичката криза. Нашата порака беше дека е важно да се стават во прв план интересите на граѓаните пред интересите на партијата. Ургиравме сите релевантни фактори да покажат посветеност со цел да се најдат начини за излез од кризата – рече тој.

Во Владата во исто време се наоѓаа и министрите за култура, правда, економија, како и заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски