ДОМ предлага една изборна единица

Од:

ДОМ го поздравува вчерашниот, како што наведува во соопштението, сериозен пристап кон преговорите и начелниот договор за избори во април, за нова изборна регулатива, нов избирачки список и демократизација на земјата со независно судство и слободни медиуми.

–  Како партија која со години се залага за една изборна единица со отворени листи и еднаков број жени и мажи, очекуваме поддршка на тој изборен модел од сите политички чинители во преговарачкиот процес, зашто тоа е сигурен пат за демократизација на земјата, се вели во соопштението од ДОМ.

Тоа, според партијата, ќе овозможи самостоен настап на партиите во центарот и малцинските партии и формирање постизборни коалиции со подемократски влади без апсолутна доминација на една од најголемите партии, што претставува трајна инвестиција во стабилноста и граѓанскиот карактер на државата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација