Без струја утре дел од општините Гази Баба, Аеродром, Центар и Студеничани

Од:

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат некои улици во општините Гази Баба, Аеродром, Центар и Студеничани.

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 157, ул. 148, ул. Аврам Писевски и ул. Бајрам Шабани во општина Гази Баба.

Од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев, ул. Лисец, и ул. Богомилски Поход во општина Аеродром и корисниците од Кеј 13 -ти Ноември, катна гаража на АДИССПДП до МЕ, поради реконструкција на мост Гоце Делчев во општина Центар.

Без струја утре од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од село Држилово и село Патишка Река, како и корисниците од викенд населбата во село Држилово во општина Сопиште.

Во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од село Студеничани – улиците со броеви 4, 3, 2, и 1 во општина Студеничани.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите

Делови од Аеродром, Арачиново и Гази Баба вечер без струја

Будва остана без струја

Горан Наумовски

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски