Концерт на пијано на млади музички таленти во Велес

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа се одржа концерт на пијано на младите пијанисти Александар Ташев од Кавадарци и Еда Шазиман од Охрид, ученици на ДМУБЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, под менторство на професорката Весна Ангелова-Христов.

На програмата беа изведени дела за пијано: прелудиуми, сонати и етиди од Бах, Хајдн, Бетовен, Шопен, Шуберт, Рахмањинов и Шуман.

Ташев и Шазиман се добитници на бројни домашни и меѓународни награди на разни натпревари по пијано.

Концертот се одржа во рамки на манифестацијата  „Велес-Град на културата“.

Менторката Ангелова-Христов во изјава за МИА потенцира дека манифестацијата „Велес-Град на културата“ е важна за афирмација на младите музички таленти и нивното претставување пред културната публика во земјава.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска