Протестен марш за оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ!

Од:

Денеска со почеток во 18 и 30 часот ќе започне протестен марш за оставка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Маршот ќе се одвива по следната маршута: Камп на слободата пред Влада, Илинденска (Министерство за одбрана), Рузвелтова (Агенција за млади и спорт), Партизанска (библиотека „Браќа Миладиновци“), Климент Охридски, Камп на слободата пред Влада.

protestenMarsh3juni

„Ние, граѓаните, на 3 јуни 2015 година, среда, во 18.30 часот, масовно ќе го изразиме својот револт од актуелната власт и ќе бараме оставка од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Граѓанскиот протестен марш ќе започне од кампот на Слободата пред Влада и ќе продолжи низ улиците на Скопје.

Ги повикуваме сите граѓани да излезат на протест. Ова е борба меѓу граѓаните и врхушката на Груевски и Ахмети. Ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на Македонија!

Затоа, ајде, сите заедно уште еднаш громогласно и едногласно да побараме оставка од Владата и формирање преодна влада која ќе обезбеди фер и демократски избори“.

По завршувањето на маршот ќе започне дискусија на тема „Централизирана децентрализација – Во секој проблем се крие можност” во која ќе учествуваат Дејан Павлески – Претседател на Комисија за локална самоуправа на СДСМ, Зоран Дамјановски – градоначалник на Куманово, Јане Вртески – поранешен градоначалник, Љупчо Кец Мицковски – поранешен градоначалник.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска