Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид денеска од 16 до 17 часот ќе биде во прекин.
АМСМ соопшти дека прекинот е поради изведување градежни работи, минирање кај месноста Лавчанско речиште.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.