Книжевен портрет на Атанас Чупоски и промоција на книгата „Der Wanderer“

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи книжевен портрет на писателот Атанас Чупоски и промоција на книгата поезија „Der Wanderer“.

За поетското, прозното и филмолошкото творештво на Чупоски ќе зборуваат Лидија Капушевска-Дракулевска, Владимир Мартиновски и Илинденка Петрушева.

Во рецензијата за „Der Wanderer“ Капушевска-Дракулевска посочува дека авторот скита низ жанровски хибридни песни: хит-сингли, патописни песни, елегии, псалми, сновиденија и дијалози. Лиричноста е клучната доминанта во овие стихови, како и музикалноста, на која Чупоски инсистира како на негово поетско кредо уште во својата книга-првенец.

Атанас Чупоски (1969) е писател и синеаст, компаратист и филмолог, магистер на филолошки науки. Ги објавил книгите: „Концерт на труба во дур“ „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А. А. Тарковски“ и „Старинарница Балкан“. Објавил стотина студии, есеи, песни, раскази и публицистички текстови.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска