ЕП ги замрзна односите со Русија

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц соопшти дека се прекинуваат активностите на Комисијата за парламентарна соработка ЕУ-Русија, како и дека се ограничува пристапот до ЕП на амбасадорот на Руската федерација во Брисел и на уште еден руски дипломат.

Според Шулц рускиот амбасадор и дипломатот нема да имаат слободен пристап до ЕП, како досега. Барањата на членовите на руската Дума, како и на Советот на федерацијата на Руската федерација за пристап до ЕП ќе бидат поединечно проценувани, во зависност од секој конкретен случај.

Во соопштението се наведува дека преземените мерки од ЕП ќе останат на сила до повлекувањето на руската црна листа за забрана на европски политичари и официјални претставници на ЕУ да влегуваат во Русија. Шулц одлуката ја соопштил на рускиот амбасадор во Брисел.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија