Масовната миграција на населението ширум светот претставува закана за европската цивилилзација, оцени денеска премиерот на Унгарија Виктор Орбан, пренесува Танјуг.
– Масовната миграција која денес се случува ширум светот може да го измени лицето на европската цивилизација. Ако тоа се случи, ќе ни нема помош. Нема враќање од мултикултурна Европа. Ниту во христијанска Европа, ниту во светот на национални култури, истакна Орбан.
Тој се залага земјите-членки на Европската унија да имаат поголеми овластувања во уредувањето на својата имиграциска политика и порача дека Унгарија не сака екононмски мигранти.