Авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ што минатата година се урна во источна Украина, бил соборен со ракета на противоздушните ракетни системи „Бук-М11“ од постар тип, каков што не користат Вооружените сили на Русија, соопшти денеска производителот на ракетниот комплекс, руската државна компанија „Алмаз-Амтеј“.
Како што јави ТАСС, советникот на генералниот директор на „Алмаз-Амтеј“, Михаил Малишевски на прес-конференција во Москва соопшти дека ваквиот заклучок е добиен со aнализа на јавно објавените снимки од остатоците на урнатото летало.
– Врз основа на податоците анализрани од експети на концернот, дојдовме до заклучокот дека ракетата со која е урнат авионот најверојатно е од типот 9М38М1 на системот „Бук-М1“, изјави Малишевски.
Западот и украиснките власти обвинуваат дека „Боингот“ на „Малезија Ерлајнс“ бил урант со ракета истрелана од руските сили или проруските сепаратисти, додека Москва и сепаратистите тврдат дека авионот го собориле украинските сили.
При падот на малезискиот авион на летот од Амстредам до Куала Лумпур, загинаа сите 283 патници, од кои 193 беа Холанѓани, и 15 члeнови на екипажот.