Виетнам и САД најавија целосна нормализација на односите

Од:

Генералниот секретар на Виетнамската комуистичка партија Нгоен Тронг и претседателот на Виетнам Труонг Тан Сунг ќе престојуваат годинава во официјална посета на САД, објави денеска виетнамската државна новинска агенција.

Поканата, што ја испратил американскиот претседател Барак Обама, во Ханој ја пренесе американскиот секретар за одбрана Ештон Картер, кој за време на тридневниот престој во Виетнам, вчера го потпиша договорот за зголемување на воената соработка меѓу двете држави.

Најавата дека највисоките политички претставници на Виетнам ќе го посетата Вашингтон е прогласена за историски чин што ќе значи целосна нормализација на односите на двете држави кои, по завршувањето на Виетнамската војна и по обновувањето на дипломатските односи пред 20 години, се движат во позитивна насока.

Во Ханој се најавува дека Виетнам очекува целосно укинување на ембаргото за извоз на американско оружје, а Виетнам во меѓувреме значително ќе ги олесни условите за пронаоѓање на американските војници и советници кои се водат како „изгубени“ во воените судири.

Аналитичарите проценуваат дека најавената нормализација на односите меѓу САД и Виетнам ја загрижува Кина, која сега е најголем економски партнер и инвеститор во Виетнам. Односите меѓу Кина и Виетнам се заладија минатата година, од како Ханој го обвини Пекинг дека гради нови воени и цивилни постројки во делот на Јужното Кинеско Море, кое е спорна територија на која право на суверенитет полагаат двете држави.

Виетнам побара интервенција на Судот на ОН за поморско право, но Кина повеќе пати повтори дека не го признава овој суд и дека територијалните спорови во Јужното Кинеско Море можат да се решат само со билатерални преговори.

Во антикинески протести лани беа запалени дваесетина фабрики за кои разлутените демонстранти сметаа дека се градени со кинески капитал, а голем број кинески експерти по немирите во кои имаше и загинати и повредени, го напуштија Виетнам.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија