Поради лоши временски услови „Импулс 2“ слета во Јапонија

Од:

Соларниот авион Импулс 2, кој треба да ја прелета Земјата без капка гориво, денеска непланирано слета во Јапонија поради лошите временски услови над Пацификот.

Според планот од седум етапи, пилотот Андре Боршберг требало за шест дена да прелета од кинескиот град Нанкинг до Хаваи, пат долг 8.500 километри.

Поради лошите временски услови авионот денеска безбедно слета на аеродромот Нагоја во централниот дел на Јапонија.

Летот од Нанкинг до Хаваи е најдолгата етапа на патот околу светот, кој има 12 етапи во 25 дена лет. Патувањето почна во Абу Даби во март, а целта е промовирање на користењето на чиста технологија и обновливи извори на енергија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови