Средба на Заев со Мартин Безак

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Виктор Габер од Комисијата за надворешни работи на СДСМ, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.

Шансите за можно отворање преговарачки процес за решавање на длабоката политичка криза во Македонија беше една од поважните теми на коишто е посветено внимание на состанокот.

Заев ја објасни принципиелната позиција на опозицијата дека преодна влада, односно модалитети на Влада што во еден ограничен временски период ќе треба да обезбеди услови за слободно изразување на волјата на граѓаните и фер и демократски избори, а за што гарант ќе биде меѓународната заедница, е решение за нормализација на состојбата во државата.

-Доказите во проектот Вистината за Македонија ги извадија на површина сите злоупотреби на државниот систем, во функција на останување на Груевски на власт. За тие слабости на системот во Македoнија, во повеќе последователни извештаи нотираат и Европската Комисија и ОБСЕ/ОДИХР. Оттаму легитимитетот на Груевски е спорен, а единствено преодна влада може да обезбеди нормализација на состојбата во државата, рече Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, нагласи дека преодната влада ќе биде од помош и за европските перспективи на Македонија, затоа што таа влада ќе ги затвори проблематичните точки како што се поклопеноста на државата од партијата, контролата врз судството, медиумите и слично, со што ќе се создадат услови за задржување на препораката.

На средбата беше изразена согласност дека за враќање на Македонија на патот на демократските процеси од голема важност е помошта на Европскaта Унија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ