Хакери упаднаа во абзата на податоци на јапонската служба за пензиско осигурување и притоа се украдени лични податоци на повеќе од еден милион луѓе.
– Службените компјутери на пензиската служба на Јапонија биле погодени од вирус и притоа се украдени 1,25 милиони досиеја со лични податоци, изјави Тоичиро Миѕушима, началник на таа Служба.
Формиран е тим кој ќе ги истражува причините за упадот и ќе воведе нови компјутерски контроли врз базата на податоци.