Градоначалникот на бугарскиот град Нова Загора издал указ да се истурат 50 килограми шеќер на улиците поради „бркање на лошата среќа“ по неколкуте тешки сообраќајни несреќи, објави градскиот совет.
„Иницијативата се темели на старото верување според коешто злата судбина ќе исчезне доколку улиците се потурат со шеќер“, се вели во соопштението на градскиот совет на Нова Загора.
Четири лица, од коишто две деца загинаа, а шест се повредени во сообраќајните несреќи за помалку од една седмица во близина на Нова Загора, град со 25 илјади жители во централниот дел на Бугарија.
Спротиставувајќи им се на уроците, градоначалникот Николај Грозев нареди главните патишта во регионот да се потурат со 50 килограми шеќер, се навидува уште во соопштението.