Шпанската полиција денеска заплени 200 килограми кокаин. Дрогата била скриена во издлабени ананси, кои биле транспортирани со брод од Централна Америка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Анансите полни со кокаин биле откриени во 10 контејнери, кога пристигнале во јужното пристаниште Алгесирас. Врз анасите полни со дрога имало жолт восок, кој ја симулирал бојата на овожјето.
Анансите пристигнале од неименувана земја во Централна Америка и биле наменети за две компании, едната во Мадрид, другата во Сан Кирсеу дек Ваљес во близина на Барселона. Двете компании ги водат шпански државјани по потекло од Колумбија.
Во операцијата приведени се три лица. Минатата година полицијата во Алхесирас конфискува 2,5 тони кокаин скриен во пратка со ананас од Костарика, што е најголема заплена во Шпанија.