Во Истанбул одбележена 562-годишнината од отоманското освојување

Од:

Стотици илјади граѓани вчера во Истанбул ја одбележаа 562-годишнината од османлиското освојување на градот.

Султанот Мехмед Втори, како 21-годишно момче на 29 мај 1453 година го освои Цариград, што значеше пад на Византиското царство. На свечаноста, 562 војници беа облечени во униформи на отоманската војска, а оркестарот изведуваше воени песни.

Вчерашната церемонија беше предводена од турскиот претседател и премиер, Реџеп Таип Ердоган и Ахмет Давутоглу. Насобраниот народ извикуваше пароли за поддршка на Ердоган.

Церемонијата, одржана само една недела пред парламентарните избори, оценета е како „една од најголемите прослави во модерната историја на Турција“.

Согласно турскиот Устав, претседателот на државата не треба да зазема политичка страна, но како наближуваат изборите (7 јуни) тој е се поактивен во политичкиот живот. Ердоган е на власт повеќе од десет години и сака неговата владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претстојните  избори да освои двотретинско мнозинство во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ