Медведев предлага создавање на монетарна унија во Евроазиската економска унија

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев предложи формирање на монетарна унија во рамките на Евроазиската економска унија.

– Треба да ја разгледаме можноста и условите за создавање на монетарна унија и подготвени сме со своите колеги да работиме на таа идеја, посочи Медведев.

Тој ја истакна потребата од координирање на мерките за поддршка на реалната економија и на финансискиот сектор, што го применуваат земјите-членки на Евроазиската економска унија.

– Таквите мерки не смеат да бидат усвоени во изолација туку на координиран начин, истакна рускиот премиер.

Медведев наведе и дека Русија е подготвена да го засили учеството во активностите на Евроазиската економска унија и предложи одржување на состанок на премиерско ниво не еднаш туку двапати годишно, па дури и почесто ако има потреба.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот