Средба на Горан Милевски со Зијадин Села

Од:

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Струга и претседател на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села.

На средбата беше разговарано за актуелните политички случувања во Република Македонија. Од двете страни беше констатирано дека единствен услов за излез од политичката криза итно формирање на преодна влада со јасен мандат, влада која ќе ја врати демократијата во Македонија.

Од страна на Села беше изнесен ставот дека во Македонија е неопходно да се отпочнат суштински разговори за подобрување на статусот и правата на Албанците во Македонија.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера. По средбата, претседателот Милевски и Села ги повторија своите искрени желби за конечен завршеток на политичката криза во Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он