Груевски: Евроинтеграцијата ги забрзува реформите

Од:

Преку економскиот раст, подобрата инфраструктура и креирањето на работни места би се намалиле разликите помеѓу земјите од Балканот и земјите од Европската Унија истакнаа лидерите од Балкнаот на на Виенскиот економски форум што денеска се одржува во Тирана, Албанија, на кој присуствува и премиерот Никола Груевски.

Како што соопшти владината прес-служба, на економскиот форум од земјите од регионот присуствуваа и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Иса Мустафа, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Премиерот Груевски, кој во Тирана е придружуван од шефот на дипломатијата Никола попоски, имаше свое обраќање на форумот во кое истакна дека европските интеграции ги забрзува реформите и се движечка сила со која се мобилизираат ресурси и енергија за да се унапредат реформите и државите да одат напред.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба