Неисправни возила за јавен превоз откриени во тетовско

Од:

Четиринаесет различни недостатоци се откриени кај возила кои вршат јавен превоз на патници при денешната акција спроведена во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека во контролата биле опфатени вкупно 35 возила при што 30 од нив се испратени на технички преглед.

– Во рамки на акцијата се констатирани 14 различни видови прекршоци и тоа шест од возилата имале неисправни уреди за сопирање, две не се јавиле на технички преглед, кај едно возило утврдена е неисправност на уреди и опрема, еден возач управувал за време на забрана, еден некористел сигурносен појас…… Откриените прекршоци санкционирани се со тринаесет платни налози и една покана за наплата на глоба, а едно возило исклучено е од сообраќај. Сите прекршители наскоро ќе се соочат со законски предвидените глоби изјави Јосифовски.

Тој додаде дека целта на акциските контроли е на патиштата во тетовско да се движат што помалку технички неисправни возила.

Според податоците на полицијата, една од причините за сообраќајните несреќи кои се случуваат на овие простори е техничката неисправност на сопирачките кај возилата.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина