Собранието ќе потроши речиси 100.000 евра за таблети

Од:

Собранието на Репиблика Македонија ќе набавува таблет компјутери. Според огласот објавен на бирото за јавни набаки таблет компјутерите се наменети за парламентарниот институт.

javninabavki121

Според проценката на собраниските служби за набавка на таблет компјутери се потребни 5.180.000 денари без вклучен ДДВ или околу 84.000 евра.

Ако на проектираната сума се додаде и 18 отсто ДДВ излегува дека собранието ќе одвои речиси 100.000 евра за оваа намена.

Парламентарниот институт е посбена организациона единица при собранието.

Златко Атанасов- државен советник е раководител на Прламентарниот институт кој е составен од одделение за правни анализи и истражувања, одделение за општи анализи и истражувања, одделение за едукација и комуникација и одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива.

sobraniesluzba

Според сајтот на собранието во Парламентарниот институт работат 21 лице поделени во неколку одделенија.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада