Српскиот премиер Алекснадар Вучиќ денеска во Тирана порача дека земјите од регионот на западен Балкан од Европската унија очекуваат поголема помош.
Како што јави Танјуг, Вучиќ нагласи дека дококу ЕУ не е во можност да му додели поголема помош за регионот, тоа треба и да го каже, за да можат балканските земји сами да се снаоѓаат.
– Ни треба помош од европските фондови. Доста ни е од семинари, ни требаат пари за изградба на патишта и пруги. Ако не можете да ни дадете средства кажете ни, па ние сами ќе ги најдеме, изјави Вучиќ во обраќањето на конференцијата „Тирански разговори 2015“, чиј организатор е Виенскиот економски форум.
Според Вучиќ, ЕУ не треба да ги потценува балканските народи, бидејќи тие очекуваат конкретни резултати.
Вучиќ нагласи дека собирот во Тирана претставува „крик на сите учесници“ и повик до ЕУ и Европската комисија „да ја анализираат состојбата, добро да ја согледаат и да ја оценат на вистински начии“, со цел „подобро и повеќе“ да им помогнат на земјите од регионот.