Екипата на Голден Стејт се пласира во големото НБА финале по ноќешниот триумф над Хјустон со 104:90. Вкупниот резултат во Западното финале е 4-1. Противник на најдобрата екипа по лигашкиот дел е Кливленд кој во Источното финале со 4-0 ја елиминира Атланта.
Стеф Кари со 26 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека на спротивната страна се истакна Двајт Хауард со 18 поени.
Ова за Голден Стејт е најголем успех во неговата четири децениска историја.
Првиот меч од финалната серија е на 4 јуни на теренот на Голден Стејт.