Поповска: Кој е мотивот стотици палми да се засадат во Македонија?

Од:

Палмините дрвја, кои се насадени во урбани средини низ Македонија и кои ја чинат државата пола милион евра, беа најинтригантна тема на денешните пратенички прашања на кои присуствуваа премиерот, Никола Груевски и министри од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, постави прашање до Министерството за земјоделство, кои се мотивите да се засадат стотици палми на територијата на Македонија, која не е природна средина за овие дрвја.
На денешната собраниска седница не стана збор за политичката криза, а пратениците се задржаа на локални и споредни теми.

Поповска потсети дека изминативе денови со палми се здобија градските центри на Ресен, Вевчани, Охрид, Прилеп, Скопје и други градови, и праша кој е мотивот за нивно садење.

– Климата детерминира видови кои ќе опстојуваат, кои имаат богата лиснена маса. И најразвиената палма кај нас не може да ја замени количината на кислород која ја има листопадното дрво, ниту пак влагата и сенката која ја дава – појасни таа.

Во Охрид, рече, палмините дрвја се засадени покрај тополи и даба стари по 50-60 години и праша дали повеќегодишните стебла ќе се сечат за да се заменат со палми и за да се претвори Македонија во земја на палмите. Ова интервенирање во биодиверзитетот, рече, не е само на штета на палмите, кои не можат да опстојат, туку и на штета на автохтоните дрвја, како и на квалитетот на воздухот и здравјето.

Заменик министерот за земјоделие, Ванчо Костадиновски, одговори на ова прашање споменувајќи ги проектите кои актуеланта влада ги направила во делот на екологијата. Тој потсети на акцијата „Ден на дрвото“ со која биле издвоени средства за 50 милиони садници до сега. Конкретно за палмите се задржа многу малку во својот одговор посочувајќи дека за овие садници Владата одвоила пола милион евра.

– Палмите се засадени покрај булевари, на кејови во Охирд и Дојран. Имаме сознанија од ескепрти дека овие дрвја успеваат во Македонија, и како Влада одвоивме 500.000 евра за тоа – рече тој.
Поповска реплицираше дека министерот го избегнува одговорот на конкретното прашања „од која причина Владата издвојува средства за палми?“

На собраниската седница не присуствуваа министрите на ДУИ. Премеирот беше повикан да одговори само на прашањето на пратеникот од ДПА, Орхан Ибраими, кој праша што се случува со семејствата од Куманово чии домови беа уништени во престрелката. Груевски ги повтори владините одлуки со кои им се обезбедува финансиска помош и обештетување на овие граѓани.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски