Започнува 11. издание на „Астерфест“

Од:

Утревечер, среда (27 мај), во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19,30 часот започнува единаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

AsterFest(PRINT)

Фестивалот оваа година се одвива под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“.

На свеченото отворање ќе им бидат доделени награди на овогодишните лауреати – режисерот Киро Урдин (добитник на признанието Астер за високи достигнувања во документарниот филм) и на актерот Боро Стјепановиќ (добитник на почесното признание за високи достигнувања во филмот).

phone-call-poster

Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани три ексклузивни кратки филма: британскиот краток игран филм „Телефонски повик“ на Мет Киркби кој доби Оскар оваа година, американскиот документарец „Бела земја“ на Кристијан Јенсен кој беше номиниран за Оскар и рускиот повеќекратно наградуван анимиран филм „Кокошката“ на Васил Бедошвили.

Kiro_Urdin (2)

По кратката пауза филмскиот маратон ќе продолжи со уште 4 анимирани филмови и 5 турски кратки филмови од програмата „Мувиленд“.

BORO STJEPANOVIC 1

Официјалното жири кое ќе ги оценува филмовите во компетиција е составено од: Јанко Баљак – режисер и педагог од Србија, Борис Мисирков – директор на фотографија и менаџер од Бугарија, и Атанас Чупоски – филмолог и писател од Македонија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он