Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за транспорт, врски и екологија и Законодавно – правната.

Предлог-законите за ратификација на конвенциите за заедничка транзитна постапка и за поедноставување на формалностите при трговија со стока се на дневен ред на Комисијата за надворешна полкитика и на Законодавно-правната комисија.

Првото читање од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство и второто читање од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај се пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе дебатираат и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за музеите и Законот за библиотеките, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба