Почнува Филмскиот фестивал „WatchOut!

Од:

Во Тетово денеска почнува Филмскиот фестивал „WatchOut!, во организација на Центарот LOJA со поддршка на  Гете Институтот во Скопје и Американската амбасада во Македонија.

На првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани победничките филмови  и најдобро рангираните филмови од Германија, Шпанија, Израел, Иран, Канада, Италија и Бразил.

Втората фестивалска вечер ќе се прикажат кратки играни филмови, а на 28-ми мај публиката ќе може да ги проследи експерименталните филмови и НА последната ќе се прикажат документарните филмови.

Во категоријата кратки филмови годинава победник  е филмот „5 Euro” од авторот Дон Раца од Косово, во категоријата документарни филмови победничкиот филм носи наслов „Rope hope”  од авторот Вербоом Сеп од Белгија и во категоријата анимирани и експериментални  филмови победникот е од Хрватска Леа Видаковиќ со филмот „The vast land”.

Проекциите ќе бидат на отворен простор во амфитеатарот на Меморијалната куќа на комунистичката партија во Тетово.

Денеска почнува и проектот „Tetovo Transformers” , во рамки на кој се организираат работилници со локални уметници. Работилниците ги води познатитот американски видео артист Скип Блумберг.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он