Турција и САД со воздушни удари ќе ги поддржат сириските бунтовници

Од:

САД и Турција „во принцип“ се договориле дека ќе им дадат воздушна поддршка на некои од групите на вооружената сунитски сириска опозиција коишто тие ги сметаат за „умерени“, изјави во понеделникот турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, а доколку биде потврден овој договор, би значело дека дополнителни се проширува американското ангажирање во сирискиот судир, кое засега е ограничено на удари врз џихадистичката Исламска држава во областите на коишто живеат сириските Курди.

Американските функционери засега за агенциите не ги коментираат најавите на шефот на турската дипломатија. САД досега се воздружуваат од прогласувањето на ткн „зона на забрането летање“ во полза на сунитските сириски бунтовници како што тоа беше во 2011 година во Либија, на што инаку со години инсистира Турција, бидејќи тоа би можело да значи објавување војна на државата Сирија.

Чавошоглу изјави дека воздушната поддршка во можела да им биде дадена на бунтовничките единици кои се обучуваат на турска територија во рамките на американската програма, пренесува Reuters. Според овој план, кој во повеќе наврати беше одложуван, околу 15.000 сириски сунитски опозициски борци ќе бидат испратени на територијата во Сирија, каде што според Вашингтон ќе се борат против џихадистите од Исламската држава.

Одложувањето на оваа програма доаѓаше поради несогласувањето меѓу Анкара и Вашингтон. Додека Турција сака оваа програма да биде дел од општата стратегија којашто би вклучувала и борби против силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој е алавит (шиит), САД сакаат тврди дека целта на обуката на сириските бунтовници исклучиво е борба против експанзијата на сунитската радикална група Исламска држава.

Турскиот министер не појаснил што би требало да вклучува тој „начелен договор“. „Мораме да ги поддржиме од воздух. Доколку не ги заштитиш и не им пружиш воздушна поддршка, во што е тогаш смислата: Постои начелен договор за обезбедување воздушна поддршка. Како тој ќе биде реализиран, зависи од војската“, рече Чавушоглу.

Истовремено во понеделникот воздушните сили на армијата на официјален Дамаск преземале поинтензивни напади врз позициите на џихадистите во Палмира, град во централниот дел од Сирија кој го зазема Исламската држава минатата седмица, пренесува AFP.

„Од утрото воздушните сили на сирискиот режим извршија 15 воздушни напади врз Палмира и нејзините предградија“, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ