Преку 430 луѓе умреле во две држави на југот на Индија поради топлотен бран кога неколку дена по ред температурата надминала 50 Целзиусови степени, соопштија индијските власти.
Се очекува бројот на мртви да се зголеми затоа што температурата не покажува знаци на намалување.
Топлотниот бран ја зафати Индија веќе неколку дена вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи, каде температурата која достигна 45 степени предизвика прекин на електричната енергија. Најтешко се погодени државите Андра Прадеш и Телангана. По смрта од топлина на 246 луѓе, власти во Андра Прадеш го повикаа населението да не престојува долго на сонце.
– Поголемиот дел од починатите биле директно изложени на сонце, постари од 50 години и потекнуваат од работничка класа – рекол Тулси Рани, висок функционер во дирекцијата за природни катастрофи на државата Андреа Прадеш.