Изложба на Васко Ташковски

Од:

Во мултимедијалниот културен центар Матица екслузив, утре, 26 мај, во 12 часот ќе биде отворена изложба на познатиот македонски сликар, академик Васко Ташковски.

За првпат авторот пред љубителите на уметноста ќе презентира дваесет и шест графики. Во оваа пригода ќе биде промовирана и Монографијата на цртежи од авторот, во издание на Матица македонска и Македонската академија на науките и уметностите.

За делото на Ташковски ќе говорат писателот Раде Силјан и академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери