Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер го погоди во понеделникот Токио и неговата околина, кој не предизвика никакви штети ниту е издадено предупредување од цунами, но метеоролошката служба на Јапонија предупредува дека последователни потреси се очекуваат цела седмица.
Земјотресот со епицентар во северниот дел на префектурата Саитама, во источниот дел на јапонскиот остров Хоншу, на длабочина од 56 километри, , ги затресол зградите во Токио и на кусо го запрел железничкиот сообраќај, вклучително и подземната железница. На токискиот аеродром „Нарита“ затворени се двете слетно-полетни патеки поради контрола, додека на аеродромот „Хенада“ сообраќајот не беше запрен.
Според операторите на нуклеарните централи, нема пријавено оштетувања на централите „Токаи-2“ во префектурата Ибараки, и на „Фокушима-1“ и „Фокушима-2“ во префектурата Фукушима.
Генерално, треперењето на почвата било почувствувано во вкупно 18 префектури. Најсилните удари до 5 точки на јапонската скала од 7, биле почувствувани во префектурата Ибараки, додека во Токио е регистриран потрес од 4 точки.
„Максималната моќ на афтершоковите може да достигне до 4 точки“, се наведува во соопштението што го издаде јапонската влада.
Јапонија, една од сеизмички најактивните области на светот, на 1-ти март 2011 година беше погодена од катастрофален земјотрес од речиси 9 степени по Рихтер и со гигантско цунами со бранови кои на места достигнале десет метри, во кој загинаа речиси 20.000 луѓе,а беа предизвикани огромни материјални штети, вклучително и на нуклеарката „Дукушима-1“.