Учесници на „Малиот битолски монмартр“ во библиотеката во Бабино

Од:

Стотина ученици од над 15 земји од светот и нивните ликовни педагози, учесници на 34. „Мал битолски монмартр“ денеска ќе претстојуваат во културна визита на библиотеката „Ал – Би“ во демирхисарското село Бабино.

Младите амабасадори на мирот ќе имаат можност да се запознаат со високите уметнички и научни вредности на библиотеката, со раскошниот природен мозаик и стилските и естетски посебности на руралната архитектура во овој дел на Македонија. Во чест на учесниците на ликовниот караван ќе биде организирана изложба со книги од областа на ликовната уметност, а ќе имаат можносt и да го проследат поетскиот настап на реномирани поети од Демир Хисар и Битола.

Во рамки на посетата, покрај поставената плоча на Малиот битолски монмарт, во куќата на книгата ќе биде откриена и плоча на Ротари клубот од Битола во знак за техничката поддршка на библиотеката.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери