Книжарница на вода

Од:

Една од најоригиналните книжарници на светот и место, кое стана задолжителна станица за туристите, но и за локалното население е „Либериа Аква Алта“, која се наоѓа во близина на плоштадот Свети Марко во Венеција.

Во Венеција еднаш годишно се случува нешто што се нарекува „висока вода“ и тогаш „Либериа Аква Алта“ е поплавена, меѓутоа тоа не ја попречува работата на книжарницата, бидејќи во тој период книгите само пловат во своите гондоли, чамци и кади.

Во „Книжарницата на високата вода“ можат да се пронајдат нови и користени необични книги, но тоа не е тоа што ја прави посебна.

Во книжарницата се влегува директно од еден од главните венецијански канали и на тоа место се наоѓа маса со клупа на која посетителите можат да се одморат и да ги прелистаат книгите, кои ги интересираат.

Внатрешноста на книжарницата е тоа што ги воодушевува посетителите – редови и купови книги наредени во чамци, гондоли, кади, гајби…односно во сите предмети кои можат да пловат.

Светскиот патник и полиглот Луиџи Фрицо книжарницата ја отворил пред околу десет години и времето покажало дека таа е полн погодок, бидејќи местото е одлично прифатено и од локалното население, а истовремено привлекува и голем број туристи.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери