Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за албанската телевизија „Топ Чанел“, во пресрет на посетата на премиерот Александар Вучиќ на Тирана, изјави дека, посетата на Вучиќ на Албанија нема зошто да се проследи со провокации бидејќи сите ги знаеме ставовите на Србија и Албанија за Косово.
Тој додаде дека токму заради оваа во Тирана ќе се разговара за прашања кои не обединуваат.
Дачиќ коментирајки ги настаните во Куманово истакна дека истрагата треба да докаже што фактички се случувало во Македонија, и дали вооружената група била составена од терористи или пак криминалци.
Запрашан во врска со изјавите кои доаѓаат од Русија за опасности за поделба на Македонија помеѓу Бугарија и Албанија, Дачиќ нагласи: „Мислам дека големите сили имаат право да даваат и такви изјави. Ние сме мали и ја немаме таа привилегија да коментираме такви изјави. Но, само сакам да кажам дека ние во регионот треба да внимаваме на изјавите и треба да придонесуваме за стабилноста на состојбата“