Тројца велешани нападнале полициски службеник

Од:

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22), тројцата од охридското село Велмеј, кои ги товари за постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“.

На 19-ти овој месец, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.

При контрола на патничко моторно возило марка „Опел вектра“ со охридски регистарски таблици, пријавениот С.П. одбил да ги покаже возачките документи по што, брзо и со видливо агресивно однесување излегол од возилото.

Веднаш по него излегле и двајцата други пријавени кои биле во автомобилот. Во истиот момент С.П. физички го нападнал полицискиот службеник задавајќи му неколку удари со раце и нозе по телото. Во нападот се вклучиле и двајцата пријавени кои на ист начин физички го нападнале полицискиот службеник.

Тројцата напаѓачи биле приведени и лишени од слобода и по брза постапка предадени на Основното јавно обвинителство во Охрид.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина