Голден Стејт поведе со 3:0 во западното финале

Од:

Екипата на Голден Стејт ја оствари и третата победа против Хјустон во финалето од Западната конференција на НБА плеј-офот.

На средбата одиграна ноќеска во Хјустон, составот на Голден Стејт славеше убедлив триумф со 115:80, по што поведе со 3:0 во победи и сега ја дели само уште еден триумф од пласман во големото НБА финале.

Најкорисниот играч во регудларниот дел од сезоната, Стефан Кари со постигнатите 40 поени од кои 7 тројки од 9 обиди беше предводник на тимот на „Вориорси’’ во овој убедлив триумф. Клеј Томсон и Драмон Грин средбата ја завршија со по 17 поени.

Во составот на Хјустон, најефикасен беше Џејмс Харден со 17 поени, додека Џош Смит постигна еден помалку.

Ноќеска, во 2 часот и 30 минути по македонско време, ќе се игра третиот меч од „Источното’’ финале, во кои Кливленд како домаќин против Атланта влегува со предност од 2:0 во победи во серијата подобар од четири.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on