Екипата на Џенова со победата над Интер направи исчекор кон пласман во Лига Европа следната сезона.
На средбата од претпоследното 37.коло во фудбалскиот шампионат на Италија, тимот на Џенова го победи Интер со 3:2, иако гостите од Милано во два наврати имаа предност. Со трите освоени бодови Џенова сега е на петтото место на табелата со еден повеќе од Фиорентина, односно пет од Сампдорија кои имаат и еден натпревар помалку.
Во првиот меч со кој беше отворена оваа рунда шампионот Јувентус го победи Наполи со 3:1.
Денеска на програмата се седум натпревари, и тоа: Емполи – Сампдорија (од 12 часот и 30 минути), Палермо – Фиорентина, Чезена – Каљари, Киево – Аталанта, Удинезе – Сасуоло, Парма – Верона (од 15 часот) и Милан – Торино (20 часот и 45 минути)
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со големото римско дерби во кое Лацио ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со Рома.
Табела:
Јувентус 86 бодови,
Рома 67,
Лацио 66,
Наполи 63,
Џенова 59,
Фиорентина 58,
Сампдорија 54 …
***************
Екипите на, Каљари, Чезена и Парма ќе се збогуваат со Серија А.