„Грција нема да банкротира“, уверува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Шојбле предупредува, доколку Атина ја напушти еврозоната, тогаш тоа може да и наштети не само на монетарната унија, туку и на самата Грција, пренесе БТА.
„Според мене во Грција нема да се прогласи државен банкрот“, рече Шојбле на средба со бизнис лидери во Сингапур.
Грција, советува, да преземе мноштво сериозни реформи и тоа многу ќе боли.
„ Сите веруваат дека грчката влада прави се што е неопходно, забележа министерот. „Не гледаме смисла во тоа да се шпекулира дека Грција ќе ја напушти еврозоната. Тоа би им нанело големи штети и на Грција и еврото“, изјави Шојбле.