МВР ги бара напаѓачите на Саше Политико

Од:

Две непознати маскирани лица синоќа физички го нападнале С.И. (35) од Кратово на ул. „Михаил Чаков“ во Скопје. Од нападот се здобил со телесна повредна на главата.

Како што соопштија од МВР, маскираните лица со метален предмет физички го нападнале С.И. Во пријавата тој навел дека кога дошол до неговото паркираното патничко моторно возило ги видел маскираните лица како се упатуваат кон него по што почнал да бега, а едното лице со метален предмет го удрило.

Оштетениот бил пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски каде од страна на доктор му била констатирана телесна повреда на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски