Кливленд поведе со 2:0 против Атланта

Од:

Екипата на Кливленд ја оствари и втората победа против Атланта во финалето од Источната конференција на НБА плеј-офот.

Кливленд предводен од Леброн Џејм и по втор пат славеше победа на теренот на противникот, откако синоќа ги надиграа „Соколите’’ убедливо со 94:82.

На Леброн Џемјс му недостасуваше само еден скок да оствари „трипл-дабл“ бидејќи мечот го заврши со учинок од 31 поени, 11 асистенции и 9 скокови. Иман Шампред постигна 16 поени погодувајќи четири од шесте шута за три поени.

Во составот на Атланта, најефикасен беше Денис Шредер со 13 поени, а уште тројца играчи постигнаа по еден поен помалку (12). Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра безмалку 15 минути во кои постигна само 1 поен, а имаше и 5 скокови.

Сега серијата се сели во Кливленд каде ќе се играат следните две средби, а првата на програмата е во понеделник наутро во 2 часот и 30 минути по македонско време.

Ноќеска (3 часот по полноќ) се игра третиот меч од „Западното’’ финале. Хјустон пред својата публика го пречекува најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Голден Стејт, кој во серијата подобар од четири победи влегува со предност од 2-0.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on