Во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово денеска стартува дводневното традиционално 34-то искачување „Титов Врв 2015“.
Планинарските друштва денеска ќе пристигнат на Попова Шапка, а утре наутро ќе се упатат кон Титов Врв на височина од 2.747 метри.
Оваа година се очекува Титов Врв да го искачат повеќе од илјада планинари. Минатата година Титов Врв го искачија над 900 планинари од 44 планинарски друштва од целиот Балкан.